Нов гол на Пандев, стана прв стрелец на Џенова (Видео)

Горан Пандев на кого омилен тим како дете му бил Милан, никогаш не играше за Росонерите, но денеска не му беше никаков проблем како на поранешен играч на Интер, струмичанецот да му даде гол на Милан.

За капитенот на македонската репрезентација, ова е седми гол сезонава во Серија А, и сега тој заедно со Доменико Кришито се на делба на првото место на листата на стрелци. Голот падна во 7 минута, а седум минути подоцна Пандев имаше уште една шанса повторно да го совлада Донарума.

https://twitter.com/i/status/1236655264700542978

- Оглас -

Најнови вести