Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер ја продолжува одличната голгетерска серија во швајцарската Суперлига оваа сезона.
Напаѓачот повторно се запиша во листата на стрелците, постигнувајќи го својот 11-ти погодок во првенството, во победата на Тун од 2-1 против Луцерн на домашен терен.
Растодер беше стрелец на вториот гол за својот тим во 29-тата минута, со што му донесе водство од 2-0 во тие моменти. Македонскиот интернационалец го одигра целиот натпревар во нападот на домаќините и уште еднаш ја потврди својата важност во тимот.
Со новите три бода, Тун дополнително ја зацврсти лидерската позиција и е на чекор до шампионската титула, со дури 16 бода предност во однос на второпласираниот Сент Гален.

