Фудбалската репрезентација на Австралија од 2006 наваму учествува на секое Светско првенство, во 2002 последен пат не се појавија на Мундијал, а им се заканува опасност да останат без место на наредното во Северна Америка во 2026 ,на кое за првпат ќе има дури 48 учесници.
Австралијците за да избегнат баражи со тимови од Јужна Америка како најдобар тим во Океанија, решија и добија дозвола да учествуваат во азиските квалификации за СП и патот барем на хартија им е полесен.
Но, во овие квалификации тргнаа многу лошо. Најпрвин дома загубија со 0-1 од Бахреин кој е 80-ти на ФИФА-листата, а денеска одиграа само 0-0 на гостувањето кај Индонезија, која е 133-та на ФИФА-листата. Австралија на светската ФИФА-листа е на 24-таta позиција.
На СП директно одат првите две од групата, па популарните Сокероси по двата кикса, ќе треба да се вадат против многу посилните Јапонија и Саудиска Арабија.