Нов голем успех на Дејан Георгиевски: Злато во Тирана за македонскиот олимпиец

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски освои злато на Г1 турнирот Тирана Опен, во Албанија. Овој златен медал е многу вреден кон остварувањето на една голема цел, а тоа е олимписка норма за Георгиевски и пласман на ЛОИ во Париз следната година.

Георгиевски  беше доминантен против Александар Филипов од Израел и Ел Омар од Франција, и двата меча ги доби со по 2:0.

Таеквондистот донесе голема радост за Македонија на претходните Олимписки игри, кога донесе сребрен медал за нашата земја.

- Оглас -

Најнови вести