Нов хаос во Ла Лига: Еспањол бара да се поништи натпреварот против Атлетико Мадрид (Фото+Видео)

Еспањол и Атлетико Мадрид одиграа спектакуларно реми кое заврши 3-3. Сепак, од каталонската екипа не можат да се помират со фактот дека не успеаја да победат, иако се вратија од негатива од 0-3.

Според Еспањол, спорен е погодокот за 0-2 на Јорганџиите, кој беше дело на Антоан Гриезман бидејќи топката не ја минала гол-линијата. Во Шпанија нема гол-технологија, па одлуките се носат само според снимките од ВАР-камерите.

Од клубот од Барселона тврдат дека ниту една снимка не потврдува дека топката со целиот обем ја минала гол-линијата. Токму поради ова, од раководството на Еспањол бараат од Ла Лига да го поништи натпреварот и тој да се преигра.

Еспањол во моментов е претпоследен на табелата во шпанската Примера со минимални шанси за опстанок на две кола до крајот од првенството.

- Оглас -

Најнови вести