24.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Нов „кралски“ удар за Ливерпул: Или прифатете ја понудата или ќе го земеме бесплатно!

Односите на Ливерпул и Реал Мадрид се заладија поради трансферот на Трент Александер-Арнолд. Фудбалерот не сакаше да го продолжи договорот со Црвените и се договори со Реал Мадрид, но Ливерпул не сакаше да го ослободи пред Светското клупско првенство, па Кралевите мораа да платат 10 милиони евра за да го имаат за натпреварувањето во САД.

Сега има слична ситуација со уште еден дефанзивец на Ливерпул, Ибрахима Конате. Тој не сака да го продолжи договорот со Црвените и веќе се има договорено со Реал Мадрид. Кралевите сакаат да го добијат уште летово, но нудат само 25 милиони евра, што е далеку од неговата вредност од 60 милиони евра.

Флорентино Перес буквално му поставува ултиматум на Ливерпул, па доколку не успее да го доведе веднаш, следното лето ќе го ангажира како слободен фудбалер.

- Оглас -

Најнови вести