Нов мандат за Хенес во Баерн Минхен

По едногласната одлука на одборот која беше донесена на вчерашната седница, Ули Хенес ќе остане на чело на управата на Баерн Минхен и во наредните четири години. Хенес до 2019 година ќе продолжи да ја извршува функцијата претседател на клубот, откако беше избран во февруари 2017 година. Членовите на управниот одбор на актуелниот германски првак беа избрани во понеделникот, а и нивниот мандат ќе трае четири години.

Хенес и во првиот свој мандат како претседател на одборот и на клубот, од 2009 до 2014 година, ги извршуваше двете функции.

„Среќни сме што и во иднина ќе имаме управен одбор на чело со функционер од висок калибар“, истакна извршниот директор на клубот, Карл-Хајнц Румениге.

Баерн Минхен не ја започна сезоната како што се очекува од нив. По 15 натпревари, се наоѓа на третата позиција на табелата со 30 бода, девет помалку во однос на лидерот Борусија Дортмунд, а при евентуален триумф вечерва против Лајпциг, ќе може да ја намали таа негатива, откако вчера „милионерите“ за првпат почувствуваа пораз во Бундеслигата од Фортуна Дизелдорф со 2-1.

- Оглас -

Најнови вести