Нов „мистер класико“: Бускетс ќе ги надмине Рамос и Меси!

Серхио Бускетс вечерва ако настапи на Ел Класико, а најавата е дека ќе биде стартер, ќе стане нов рекордер по бројот на одиграни дербија помеѓу Реал Мадрид и Барселона.

Капитенот на Барса ќе го има 46-тиот настап на најголемото дерби во Шпанија, можеби и светот, и ќе стане рекордер надминувајќи ги Серхио Рамос и Лионел Меси, кои останаа на 45. Бускетс има биланс од 19 победи и 15 порази, со 11 ремија на дуелите со Реал, а 42 пати бил стартер на Ел Класико.

Од оние активните кои уште се во Реал или Барса, најблиску до Бускетс е Карим Бензема со 40, вечерва треба по 41-ви пат во кариерата да игра против Барселона.

- Оглас -

Најнови вести