Нов нокаут за Романците – Марин, Неделку и Чикалдау не тренираат, гостите ќе останат со само 17 играчи

Селекторот на Романија, Мирел Радои има нови дополнителни проблеми со Ковид-19 и најавено е дека вечерва на националната арена во Скопје нема да тренираат Разван Марин, Драгош Неделку и Александру Чикалдау.

Тројцата биле во контакт со Јанис Хаџи, кој остпадна од комбинација поради позитивен тест на Ковид-19. Марин, Неделку и Чикалдау направиле брзи тестови за корона-вирус и се негативни, но споре протоколите тие се неважечки и забрането им е да тренираат вечерва во Скопје.

Радои повика 26 играчи за дуелот со Македонија, но сега со оваа трио што е можно да не биде во комбинација за настап утре од 20,45 часот можно е да остане со само 17 фудбалери.

Претходно освен Хаџи, од комбинација за настап против Македонија, утре од 20,45 часот отпаднаа и Алибек, Танасе, Драгуш и Ротариу, поради повреди или позитивни тестови на Ковид-19.

Од нив Танасе, Марин и Хаџи играа на првиот меч против Македонија, што Романците го добија со 3:2 во Букурешт во март годинава.

 

- Оглас -

Најнови вести