Нов пораз на Хајдук, Белите четири кола по ред немаат победа

Осиек му нанесе пораз на Хајдук од 2-0, а ова и не е толку големо изненадување иако Хајдук се бори за титула во Хрватска.

Белите веќе четири кола по ред немаат победа, а на делба се на врвот со Риека со која имаат ист број бодови. Вечерва Риека му гостува на Динамо Загреб, па ако победат Модрите ќе настане хаос на врвот на табелата и трите тима кандидати за титула ќе бидат во само еден бод разлика.

Хајдук за кој игра Александар Трајковски, во текот на мај треба дома да игра со Динамо и Риека, и тие дербија веројатно ќе решаваат за титулата која како никој да не сака да ја освои со оглед на огромниот број загубени бодови на фаворитите сезонава.

- Оглас -

Најнови вести