Нов предизвик за Мурињо, летово ќе бира помеѓу два француски тима

Португалскиот тренер Жозе Мурињо ја разгледува можноста во следната сезона да води тим од француската Лига 1, а „таргетирал“ два клуба како негова идна дестинација за работа, тврди францускиот „Л`Екип“. Екс тренерот на Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед најавува дека во следната сезона ќе седне на клупата, но тим од Франција е изненадувачки избор.

Мурињо беше избркан од Манчестер јунајтед во декември, пред еден месец беше во комбинација за тренер на Реал Мадрид, но и понатаму е без работа во фудбалот.

Необично е што иако се спомнува Франција како следна земја во која би работел, Мурињо не се поврзува со првакот и најбогат клуб, ПСЖ. Добро би било парижаните да имаат една тренерска ѕвезда од типот на Мурињо, но се шпекулира дека Жозе разгледува други две опции: Лион и Монако.

„Можам да си се замислам во француската лига, тоа би било прекрасно искуство. Сум работел во четири различни земји, сакам да запознавам нови култури.

Мурињо има титули во Англија, Италија, Шпанија и Португалија, па би сакал и во петта различна земја да стане шампион, но ако не биде во доминантниот ПСЖ, ќе има големи тешкотии да ја оствари целта. Специјалниот сака да ја освои Лигата на шампионите и со трет различен клуб, откако му успеа со Порто и Интер.

- Оглас -

Најнови вести