Нов проблем за Чаби Алонсо: Алаба повторно се повреди!

Се чини дека дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба, е еден од најмалерозните фудбалери на „кралеците“. Репрезентативецот на Австрија никако да фати континуитет на настапи и повторно се повреди.

Алаба се врати пред крајот на минатата сезона после операцијата на коленото, но веднаш се повреди. Австриецот започна со тренинзи и патуваше со екипата во САД за настапот на Светското клупско првенство, но повторно му се случи малер и повторно е повреден.

Според информациите од Шпанија, Алаба ќе мора да паузира околу 30 дена, што значи дека ќе може да биде дел од екипата на Реал Мадрид за почетокот на новата сезона во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести