Нов рекорд: Леверкузен две сезони по ред не загуби ниту еден меч на гости во Бундеслигата!

Баер Леверкузен две сезони по ред не загуби ниту еден меч на гостински терен, и оваа серија од 34 гостувања по ред без пораз е нов рекорд на Бундеслигата.

Екипата предводена од Чаби Алонсо кој денеска за последен пат ги водеше Фармацевтите и се сели на клупата на Реал Мадрид, минатата сезона направи подвиг освојувајќи ја титулата, прекинувајќи децениска шампионска серија на Баерн, а оваа сезона за утеха им е што поставија бундеслигашки рекорд.

Денеска историја на Бундеслигата испиша и Хари Кејн. Стана првиот фудбалер кој бил прв стрелец во германската лига во првите две сезони од својот престој таму.

- Оглас -

Најнови вести