Нов резил за Јувентус, најтрофејниот италијански клуб загуби и од Монца (Видео)

Нов голем срам доживеа Јувентус со пораз од новиот калчолигаш Монца, попладнево во меч од 7.коло во Серија А.

Дека гостите од Торино ќе имаат големи проблеми беше јасно уште во финишот на првото полувреме кога беше исклучен Анхел Ди Марија.

Аргентинецот намерно со лакт го удри Ицо во пределот на градите и веднаш доби црвен картон.

Во продолжението Монца се осоколи со играч повеќе и успеа да постигне гол за победа во 74. минута, а јунак на новиот италијански прволигаш беше Данецот Кристијан Гиткјер.

Тој го совлада Перин и и донесе прва победа на Монца во Серија А.

Јувентус остана на 10 бода по 7 кола, а се очекува отказ да добие тренерот Макс Алегри.

- Оглас -

Најнови вести