Ди Марија тепа од нервоза, Алегри го трча последниот круг за Јуве во Монца (Видео)

Анхел Ди Марија е исклучен во финишот на првото полувреме на дуелот меѓу Монца и Јувентус и Старата Дама ќе игра во второто полувреме со играч помалку, што е нов проблем во очигледната криза кај најтрофејниот италијански клуб.

Во 40 минута Аргентинецот не го истрпе фаулот на Ицо и го удри со лакт во пределот на градите, по што веднаш доби црвен картон.

Потегот за црвен картон на Ди Марија можете да го погледнете ОВДЕ.

Ди Марија важи за мирен играч, но очигледно е дека нервозата во клубот влијае и на него, па заработи исклучување по цели пет години на клупски меч.

 

По првото полувреме е 0:0 во Монца, а ова може да биде и пресуден мечза Макс Алегри менаџерот на Јувентус, ако Старата дама не победи.

Во таков случај можно е тој да добие отказ, по бледиот старт на Јувентус и во Серија А и во Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести