Нов шок во Катар, репрезентативците на Гана евакуирани од хотел поради дојава за поставена бомба

Фудбалерите и членовите на делегацијата на Гана вчера морале да го напуштат хотелот во Доха во кој се сместени поради сомнежи дека во него е поставена бомба, потврди Фудбалската федерација на Гана.

Репрезентативците на Гана својот прв настап на Мундијалот во Катар ќе го имаат в четврток, против Португалија, а вчера нивниот одмор бил прекинат и морале да го напуштат хотелот „Дабл три Хилтон“. Веднаш пристигнале противпожарни екипи кои извршиле испекција на хотелот, а откако не била пронајдена никаква бомба, по 45-минутна проверка, на гостите им било дозволено да се вратат во своите соби.

„Непосредно по 14:30 часот по катарско време во неделата на 20 ноември, во хотелот на репрезентацијата на Гана во Доха се вклучи аларм за итни случаи, што ги натера сите гости да се евакуираат. Набргу потоа пристигна противпожарна екипа, а просториите беа означени како безбедни приближно за 45 минути и сите гости можеа повторно да се вратат во своите соби“, стои во соопштението на Фудбалската федерација на Гана.

Репрезентацијата на Гана е во група со Португалија, Уругвај и Јужна Кореја.

- Оглас -

Најнови вести