Нов шок за Спортинг во португалската лига, ова вечерва беше „самоубиство“ (Видео)

Спортинг Лисабон трето коло по ред игра нерешено во португалската лига, и веќе нема предност пред Бенфика со која се изедначени на врвот по бројот на бодови.

Лавовите вечерва гостуваа кај АВС и беа големи фаворити, а улогата ја оправдуваа со водството од 2-0. Но, работите тргнаа на лошо за Спортинг во 71-ва минута кога направија пенал и примија гол. Осум минути подоцна, Диоманде доби црвен картон, па на фаворитот му остана да се брани и со мака да ги освои трите бода.

Казната дојде во 96-та минута кога домашниот играч Мендонса даде гол за огромна радост меѓу фановите на АВС кој се бори за опстанок, но и за радост на фановите на Бенфика.

- Оглас -

Најнови вести