Нов скандал на ЛОИ: Британците јаделе живо месо, па си организирале кетеринг за своите спортисти

Нов скандал на Летните олимписки игри во Париз, откако шефот на британската делегација, Енди Ансон, откри дека на спортистите им било послужено полуживо месо, нешто што е традиција во Франција, но не е баш прифатливо за останатите.

Тој открива дела Олимпискиот комитет на Велика Британија ангажирал надворешна кетеринг служба и нивните спортисти веќе нема да јадат во олимпиското село. Организаторот на игрите објави дека дневно се служат по 40.000 оброци, но се чини дека тоа не е доволно за сите спортисти, тренери и официјални лица, па поплаки стигнуваат од сите страни.

Воедно, од организаторот на ЛОИ во Париз објави дека до крајот на Игрите нема да се служи помфрит и авокадо, бидејќи тоа е голем трошок за нив.

- Оглас -

Најнови вести