Нов сопственик на Челзи ќе биде 86-годишен Швајцарец?

Швајцарскиот милијардер Хансјорг Вис е првиот заинтересиран купувач на фудбалскиот клуб Челзи, но вели дека Роман Абрамович бара премногу пари.

Рускиот тајкун реши да го продаде клубот и веќе имал разговори со Вис, кој е најбогат човек во Швајцарија, тежи околу 5 милијарди евра, живее во САД, работи со медицинска опрема и е близок пријател со американскиот претседател Џо Бајден.

Вис, кој има 86 години, треба да биде предводник на конзорциум од шест-седум луѓе, кој би ја презел контролата врз Челзи. Ќе треба да платат 2 милијарди евра, а чекаат Абрамович да ја спушти цената бидејќи му се брза со продажбата.

Абрамович сака да продаде сè што има во Англија, не сака да дојде до заплена или замрзнување на неговиот имот. Русинот во Кенсингтон има замок чија цена е околу 200 милиони евра. Челзи му должи 2 милијарди фунти на Абрамович и клубот ги нема тие пари, па кој и да ги купи Сините, ќе треба да му го надомести долгот на Роман.

- Оглас -

Најнови вести