Нов срам за Австралија, на гренслемот е забранет влез со маици за поддршка на исчезнатата тенисерка (Видео)

Австралијците повторно се покажаа во негативен контекст и на гренслемот што се игра во Мелбурн им забранија на посетителите да влезат со маици во знак на поддршка на исчезнатата кинеска тенисерка Пенг Шуаи.

Пенг се води како исчезната, откако ја критикуваше кинеската влада, а од неа нема ниту трага, ниту глас неколку месеци.

За австралиските власти и за организаторите на турнирот, според зборовите на член на обезбедувањето на видеоснимката случајот со Пенг е политичко прашање.

Шуаи е двојна гренслем шампионка во игра на женски двојки, има иедно финале токму во Мелбурн и беше најдоброрангирана на светот во таа категорија.

Движењето за нејзино пронаоѓање, откако на мистериозен начин исчезна е се поголемо и се бара таа да биде пронајдена, а многумина се сомневаат и дека е притворена во Кина.

Претходно веќе е познато што се случуваше со десетдневната сага со Новак Ѓоковиќ во Австралија.

Епилогот по срамното однесување кон него од страна на австралиските власти беше да му се одземе визата и актуелниот шампион на турнирот и рекордер со 9 титули беше депортиран и не игра на ова издание на гренслемот.

 

- Оглас -

Најнови вести