Формата во Интер пред завршницата на сезоната е во надолна линија. Актуелниот првак на Серија А, наместо да бележи победи, се мачи на своите натпревари, а сега беше така против Фиорентина.
На „Џузепе Меаца“, домаќините и Фиорентина одиграа 1:1, на голема радост на Милан и Наполи.
Најпрвен гостите поведоа со голот на Лукас Тореира во 50-та минута, а само пет минути подоцна следеше израмнувањето преку Дензел Дамфрис. И кога сите очекуваа Интер да тргне со сите сили напред, тоа едноставно не се случи.
Ова е четвртти неуспех во последните пет средби за тимот од Милано кој сега има 60 бода, по три помалку од Милан и Наполи, но и по крајот на ова коло ќе има натпревар помалку.