Актуелниот светски првак во класичен шах Магнус Карлсен постави нов светски рекорд од 101 последователен меч без пораз. Во последното коло од турнирот на островот Ман, Карлсен со црни фигури го совлада ерменскиот шахист Левон Аронијан и на тој начин ја продолжи серијата на непобедливост на 101 меч.
Карлсен нема загубено партија во класичен шах од 31 јули 2018 година, притоа остварувајќи 33 победи и 68 ремија.
Претходно рекордот го држеше Кинезот Динг Лирен, тој стигна до 100 меча без пораз во низа, а серијата која му траеше од 10 август 2017 до 10 ноември 2018 година му ја прекина Максим Васје-Лагреј.