Нов удар за Арсенал, Габриел Жезус ги скинал лигаментите на коленото?

Бразилскиот напаѓач Габриел Жезус се очекува да отсуствува долг период поради повреда на предните вкрстени лигаменти на коленото, пренесуваат британските медиуми.

Жезус го напушти теренот на носилки пред крајот на првото полувреме во натпреварот од ФА Купот против Манчестер јунајтед во неделата, кој тимот на Микел Артета го загуби на пенали.

„Сега знаеме повеќе. Работите не изгледаат добро. Треба да се консултираме со уште еден специјалист и ќе имаме подобри информации“, изјави Артета на прес-конференција пред натпреварот на Арсенал против Тотенхем во Премиер лигата.

„Не сакам да потврдам ништо додека не го добиеме конечниот извештај. Бевме многу загрижени по натпреварот и сѐ уште сме загрижени“, истакна менаџерот на Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести