28.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Нов удар за Барселона, Меси ќе паузира еден месец

Лионел Меси ќе ја продолжи рехабилитацијата по повредата на ногата и нема да игра уште еден месец, објавија шпанските медиуми.

Се очекуваше тој да дебитира сезонава против Осасуна во Памплона во меч од третото коло што ќе се игра викендов во Ла Лига, но од Барселона не сакаат да ризикуваат со превремен настап на главната ѕвезда, па Меси ќе одмори и во септември.

Покрај гостувањето кај Осасуна, Лео ќе ги пропушти и дуелите со Валенсија, Гранада, Вилјареал и првиот меч на Барселона во фазата по групи во Лигата на шампионите.

Допрва ќе се знае во која група во ЛШ ќе биде шпанскиот гигант, а ждрепката е утре во Монако од 18 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести