Нов удар за Ѓоковиќ, без вакцина нема да може да игра на ниту еден гренслем

Нов удар што може да ја загрози и кариерата на Новак Ѓоковиќ пристигна од Франција и вели дека нема да може да игра ниту на Ролан Гарос во мај ако не прими вакцини против ковид-19.

Иако претходно најавија дека ќе му биде дозволен настап на вториот гренслем во сезоната, Французите донесоа одлука за задолжителна вакцинација на спортистите и публиката која сака да присуствува на спортските настани.

Тоа би значело дека Новак нема да игра ниту на Ролан Гарос ако не се вакцинира.

Претходно загонетна изјава за евентуалниот настап на Ѓоковиќ на Вимблдон имаше и премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, кој е приврзаник на процесот на задолжителна вакцинација противковид-19, па станува јасно дека српскиот тенисер не би можел да игра ниту на Вимблдон.

По одбивањето на визата на австралиската Влада, јасно е дека ниту Соединетите Американски Држави нема да му дозволат на Новак да игра на Отвореното првенство на САД во Њујорк, што може сериозно да му ја загрози кариерата на 34-годишниот тенисер.

 

 

- Оглас -

Најнови вести