Ќе има ли австралиски маки за Ѓоковиќ и на Вимблдон? Чуден е одговорот на премиерот Борис Џонсон (Видео)

Новак Ѓоковиќ веќе тренира во Мелбурн, иако не му е решен комплетно статусот со визата за влез во Австралија, а одлуката се чека по полноќ дали конечно ќе може да игра на Отвореното првенство на Австралија или ќе биде вратен дома.

Целиот случај е хаотичен и сè уште не се знае дефинитивно дали Ѓоковиќ ќе игра во Мелбурн, на гренслемот што ќе почне на 17 јануари и треба да заврши на 30 јануари.

Сега едно од главните прашања е дали ако Австралија го одбие Ѓоковиќ, истата судбина може да му се случи и на останатите гренслемови.

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, на прашањето дали ќе му се дозволи на Новак да игра во Лондон на Вимблдон иако не е вакциниран, даде чуден одговор.

„Сè што би рекол околу прашањето за Новак Ѓоковиќ, против кого сум играл тенис и е прилично добар, е дека верувам во вакцинацијата. И мислам дека тоа е вистинскиот рецепт да се победи пандемијата“, изјави Џонсон.

Премиерот на Франција, Жан Касто, најави дека Новак ќе добие дозвола да игра на Ролан Гарос, гренслем што се игра во мај и е само две недели пред турнирот на Вимблдон во Лондон.

 

- Оглас -

Најнови вести