11.8 C
Skopje
петок, 17 октомври 2025

Нов удар за Израел: Астон вила не дозволува присуство на навивачи на Макаби!

Астон вила на шестти ноември ќе го пречека Макаби Тел-Авив во меч од лигашкиот дел на Лигата на Европа, но на големо изненадување на сите, Англичаните нема да дозволат гостински навивачи на „Вила парк“.

Во натпреварувањата на УЕФА пракса е гостинската екипа задолжително да добие билети за своите навивачи, но тоа нема да биде случај на мечот помеѓу Астон вила и Макаби.

Астон вила информираше дека добиле забрана од британските власти за присуство на израелските навивачи, а УЕФА веќе ја одобрила оваа забрана. Она што е интересно, никаде во одлуката не се споменуваат политички причини или војната, туку само безбедносни причини и препораките кои ги издала британската полиција.

- Оглас -

Најнови вести