Нов удар за шампионот: На Сити му се заканува ембарго за трансфери

Само неколку дена откако беше најавено дека Манчестер сити може да добие забрана за учество во Лигата на шампионите поради финансиски нерегуларности, на англискиот првак сега му се заканува и ембарго за трансфери.

Финансиското контролно тело на УЕФА покрена истрага против Граѓаните за прекршување на правилникот на финансискиот фер плеј, така што клубот од Манчестер може да го снајде тоа што го снајде и Челзи – едногодишна забрана за активност на трансфер-пазарот.

Бидејќи постапката е покрената од неодамна, засега не е познато кога ќе се реши спорот и дали уште од ова лето забраната ќе стапи на сила или, пак, таа ќе започне од јануари, а во овој летен преоден рок Сити да може да купува засилувања на позиции каде што е неопходно.

Напоредно, од таборот на Сити стигна и соопштение во кое велат дека тие се подготвени да се борат против сите неправдини и дека веќе имаат подготвено доказен материјал дека не прекршиле никакви правила на ФФП.

Факт е дека со астрономските вложувања во тимот во изминативе две сезони Манчестер сити стана најдобриот тим во Англија, но сега мора да се соочат со последиците од тие вложувања.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести