Нова драма на Евробаскетот, овојпат џек-потот е за Шпанија

Репрезентацијата на Шпанија се пласираше во четвртфиналето на Евробаскетот, чија завршница се игра во Берлин. Црвената фурија во интересно осминафинале кое се одлучи по продолжение од пет минути, ја совлада Литванија со 102-94.

Литванците го контролираа резултатот во првите три четвртини, а потоа Шпанија го покажа своето вистинско лице.

Шпанците немаат загубено елиминациски меч на ЕП пред полуфинале, уште од 1997 година. Лоренцо Браун со 28 поени и 8 асистенции беше најефикасен кај Шпанија, а Вили Ернангомез даде 21 за 22 минути игра.

Во четвртфиналето, Шпанија ќе игра против Хрватска или Финска.

- Оглас -

Најнови вести