Италијанскиот калчолигаш Рома ќе добие нов газда, откако Џејмс Палота постигнал договор со американскиот милијардер Дан Фредкин, стои во официјалното соопштение на клубот. Оваа одлука е постигната по повеќемесечни преговори меѓу двете страни.
Покрај Фредкин групацијата во трка за купување на Рома беше и една фирма од Кувајт, но тие се откажаа од замислата, па остана само да се договори цената по која Римската волчица ќе добие нов американски сопственик. Се очекува комплетното превземање на клубот да биде до 31 август.
Фредкин беше пред купување на Рома и пред да започне пандемијата со Корнавирусот, а тогаш договорот беше клубот да се купи за 700 милиони евра. Газдата Палота ја одби таа понуда, но тогаш очигледно дека згреши. Поради Коронавирусот, сите клубови во светот се најдоа во круза, па цената за продажба на Рома падна и се очекува вкупната сума за клубот да добие нов сопственик, да изнесува меѓу 500 и 600 милиони евра.
Official statement regarding the ownership of AS Roma.
Full story ➡️ https://t.co/klCQq76tbB pic.twitter.com/F15rSXTdt1
— AS Roma English (@ASRomaEN) August 6, 2020