Рома ќе има американски шмек – Новиот газда тежи 4 милијарди евра, ја купува Волчицата со формула 490+90

Дан Фридкин, кој е познат дилер на автомобилскиот бренд Тојота и има уште неколку бизниси во различни сфери во САД ќе биде новиот сопственик на Рома.

Италијанските медиуми објавија дека договорот со Џејмс Палота е веќе склучен и ќе има трансфер на власта во еден од најдобрите италијански фудбалски клубови.

Приказната беше интересна и Фридкин непосредно пред да почне кризата со пандемијата со Ковид-19 и во екот на истата ретерираше и одлучи да не вложува во Рома.

Сепак по долги преговори со Палота, Американецот од Тексас, кој тежи 4 милијарди евра одлучи да ја купи Волчицата според формулата 490+90.

Веднаш ќе плати 490 милиони евра, а ќе додаде и уште 90 за да помогне да се одржи ликвидноста на клубот. Навивачите на Рома можат да здивнат. Клубот сега нема да мора по секоја цена да ги продава најдобрите играчи, пред се Николо Заниоло.

Јувентус беше подготвен да плати 60 милиони евра за големиот талент на италијанскиот фудбал, трансферот можеби и сега ќе биде остварлив, но Рома ќе биде во подобра позиција и со нов богат сопственик може да извлече повеќе пари за својот репрезентативец.

- Оглас -

Најнови вести