По поразот од Реал Мадрид, Барселона доби нова лоша вест. Педри заработил повреда на мускулот за време на дербито.
Каталонските медиуми денес потврдија дека Педри е повреден и дека го очекува неколкунеделна пауза.
Покрај тоа, Педри доби и црвен картон во судиското продолжение, па и онака беше суспендиран за дуелот со Елче, но по него ќе ги пропушти и гостувањата кај Клуб Бриж и Селта, а по репрезентативната пауза натпреварите со Атлетик Билбао и Челзи на „Стемфорд бриџ“.
Се очекува главна цел на Педри да биде враќањето за дербито со Атлетико Мадрид, кој гостува на „Камп ноу“ на 2 декември.
Ова е дефинитивно најлошата можна вест во најлош можен момент за Барселона бидејќи од составот веќе се надвор Рафиња, Дани Олмо, Роберт Левандовски, Гави и Жоан Гарсија.
Во отсуство на Педри и Гави, се очекува местото во стартниот состав покрај Френки де Јонг, да го заземе Марк Касадо.

