Џенаро Гатузо може многу брзо да добие отказ од Наполи. Тренерот кој пред нешто повеќе од еден месец дојде на клупата на местото на Карло Анчелоти, има очајни резултати. Наполи загуби на четири од петте меча во Серија А. Ваков очаен старт во Наполи последен пат имал Зденек Земан кој бил тренер во 2000 година.
Гатузо дојде на местото на Карло Анчелоти, но наместо да се подобрат резултатите, тимот стана поочаен. Наполи моментно има 24 бода и е на 12 место со двојно помалку бодови од лидерот Јувентус. Со доаѓањето на Гатузо, местото во тимот го загуби и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
Според најавите од Италија, газдата на Наполи, Аурелио де Ларуентис е многу лут поради слабите резултати, па можно е Гатузо набрзо да добие и отказ.