31.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Нова одлична партија на Јокиќ за победа на Денвер над Голден стејт (ВИДЕО)

Никола Јокиќ со неговиот тим Денвер нагетс славеа на гостувањето кај Голден стејт ворирорс со 89:86.

Српскиот кошаркар имаше нова одлиична партија забележувајќи нов дабл-дабл учинок од 22 коша, 18 скокови и пет асистенции.

Додека со еден поен повеќе заврши Стеф Кари, којшто беше најефикасен на средбата.

Лос Анџелес лејкерс, пак, одиграа навистина ефикасен натпревар победувајќи на гостувањето кај Хјустон со 132:123.

„Кралот“ Леброн Џејмс забележа трипл дабл од 32 поени и 11 скока и исто толку и асистенции.

НБА

Орландо меџик – Милвоки бакс 110:127

Мајами хит – Вашингтон 119:112

Торонто репторс – Филаделфија 76-ерс 109:114

Хјустон – ЛА лејкерс 123:132

Минесота тимбервулфс – Њујорк никс 88:96

Њу Орлеанс пеликанс – Кливленд кавалирс 108:104

Голден стејт ворирорс – Денвер нагетс 86:89

Сакраменто кингс – Оклахома сити тандер 117:111

- Оглас -

Најнови вести