Македонија ја победи Босна и Херцеговина со 99-87, во меч од второто коло на Европското првенство за кошаркари до 18 години, Б дивизија, кое се одржува во Скопје.
За Црвено-жолтите, овој триумф е многу значаен чекор кон пласман во четвртфиналето и разигрувањето за местата кои водат во елитата. Дуелите со Чешка и Украина ќе бидат клучни за место во плејофот.
Никола Јаничиќ вечерва беше прва виолина во тимот на селекторот Горан Андреевски, и уфрли 31 поен. Двоцифрени беа и Стефан Стојковиќ со 18, Лука Марјановиќ со 13 и Коста Ќириловски со 10 поени.