Нова понуда за Меси: Милиони, море, сонце и акции од клубот

Само еден ден откако Лионел Меси ја одби неверојатната понуда од 400 милиони долари годишно од саудискиот Ал-Хилал, Аргентинецот сега доби нова, интересна понуда со која му се нуди да биде дел од сопственичката структура на тимот.

Весникот „Индепендент“ пишува дека тимот од МЛС-лигата, Интер Мајами, кој е во сопственост на Дејвид Бекам, подготви интересна понуда. Бекам освен милионите, му нуди и акции од тимот.

Договорот на Меси со ПСЖ истекува на крајот од сезоната и најавите на највлијателниот француски медиуми „Л’Екип“ се дека Аргентинецот нема да ја искористи опцијата да остане уште една сезона и налето ќе стане слободен играч.

Освен Интер Мајами, сериозен интерес за потпис со Меси пројавува и неговиот поранешен тим Барселона, чии навивачи на вчерашното Ел Класико во 10-та минута скандираа Меси, Меси.

- Оглас -

Најнови вести