Фановите на „Камп ноу“ во 10-тата минута од Ел Класико скандираа Меси, Меси! (Видео)

Навивачите на Барселона продолжуваат да скандираат „Меси, Меси“ и со тоа да прават притисок врз аргентинскиот фудбалер и управата на Барса да дојде до договор со кој Лео би се вратил во клубот во којшто ги имаше најславните денови во клупската кариера.

Фановите на ПСЖ го исвиркуваат Меси и со тоа се намалуваат шансите тој да остане во Париз и Каталонците ја видоа својата шанса, па се обидуваат со искажување на љубов кон првиот стрелец во историјата на Барса да го убедат да се врати.

Во моментов на „Камп ноу“ се игра Ел Класико од Купот на Шпанија, а навивачите на Барса и пред стадион го скандираа името на Меси, како и за време на мечот, и не случајно во десеттата минута од дербито, бидејќи Меси го носеше дресот со бројот 10.

https://twitter.com/i/status/1643694371567460361

()

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести