Нова понуда за Спортска прогноза: Манчестер јунајтед ќе го турне Ливерпул од врвот?

Осмото коло на Спортска прогноза беше најголемо разочарување за типстерите. Не само што немаше 12-ка, туку ниту еден не успеа да погоди ни 10, па ни девет натпревари. Најдобри беа четворица играчи со по осум погодени пара. Резултатите од осмото коло на сите играчи може да ги НАЈДЕТЕ ТУКА.

Сега следи деветото коло, а типстерите ќе имаат голем предизвик. Да го погодат исходот на дербито меѓу најтрофејните клубови во Англија, Манчестер јунајтед и Ливерпул. „Црвенте ѓаволи“ се рекордери со 20 титули во првенството, додека Ливерпул има 18 трофеи, но речиси три децении не знае за шампионска радост.

Според многумина, токму оваа сезона Ливерпул може да стигне до титулата. Екипата на Јирген Клоп е лидер по 16 одиграни меча и единствена без ниту еден пораз. За разлика од неа, Манчестер јунајтед се мачи и моментно е на шестото место дури со 16 бодови помалку од големиот ривал.

Првиот меч на овие два клуба бил во далечната 1894 година и досега имаат одиграно точно 200 натпревари. Манчестер е поуспешен со 80 победи, Ливерпул се радувал 65 пати, а 55 средби завршиле нерешено.

Освен дербито во Премиер лигата, ви нудиме уште 11 интересни средби на кои може да типувате и да стигнете до мобилниот телефон „самсунг А6“.  Секако, ќе има и вредносни ваучери за сите кои до крајот на викендот ќе погодат 11, 10 или 9 парови на СПОРТСКА ПРОГНОЗА.

По успешната прогноза ќе ви се прикажат вашите типувања. Сите прогнози за тековното коло, вклучувајќи ја и вашата, можете да ги погледнете тука.

 

- Оглас -

Најнови вести