Нова провокација кон Зидан и Реал Мадрид: На претходниот меч „спиеше“ на трибини, сега повторно се глупира (Фото)

Герет Бејл очигледно одлучил максимално да ги провоцира Зинедин Зидан и Реал Мадирд, и тоа додека добива еден и пол милион евра месечно од Кралскиот клуб. Тренерот Зидан јавно потврди дека не планира на услугите на Бејл, но Велшанецот останува во клубот како најплатен играч.

Пред неколку дена Бејл додека седеше како резерва на дуелот против Алавес, реши да се глупира и маската која треба да му стои на устата и носот ја стави на очите и глумеше како да спие на стадионот на Реал. И на синоќа Бејл не остана без да не направи глупост. Додека неговите соиграчи се бореа за освојување на трите бода на гостувањето кај Гранада, Бејл симулираше како да има двоглед и од него како да го следи дуелот на теренот.

 

- Оглас -

Најнови вести