Зaработува 400.000 евра неделно за да дреме на клупа (видео)

Кралевите без многу мака го добија дуелот со Алавес пред два дена за осми триумф во низа откако продолжи сезоната во Ла Лига. Зидан и неговите избраници се лидери на табелата на три меча до крајот на првенството, па ако продолжат во исто темпо ќе ја зграпчат и титулата пред бранителот Барселона.

Речиси сите играчи се во добра форма, Зидан тактички ги ротира своите ѕвезди за да ги одржува сите во натпреварувачки погон, и пред сè да бидат здрави за финишот од сезоната.

Францускиот стратег може да се потрпе на сите, освен на Герет Бејл. За време на мечот против Алавес, Велшанецот го фати сон додека седеше на клупата, па ја употреби заштитната маска да си ги покрие очите и да дремне. Апсолутно непрофесионално однесување на ѕвездата која неделно заработува до 400.000 евра, Не е ни чудо што Зидан не го пушта на теренот.

- Оглас -

Најнови вести