Реакција од Гостивар: ФФМ истури отров врз нашиот клуб

Фудбалскиот клуб Гостивар објави соопштение на англиски јазик, во кое се жали на третманот кој го има од Фудбалската федерација на Македонија.

„ФФМ истури отров врз нашиот клуб. Нивната непријателска комуникација не е само за настаните од последниот натпревар. Знаеме дека, како новоформирана администрација, можеби им недостасува искуство. Сепак, не можеме да го разбереме овој агресивен, антагонистички став и вокабулар.

Очигледно, нашето повлекување од теренот во последниот натпревар му даде на ФФМ можност да го искаже своето непријателство кон нас. ФФМ го нападна нашиот клуб со мноштво крајно неосновани тврдења од непознати извори, базирани на улични гласини.

Под претходното раководство на федерацијата, имавме многу жалби. Се надевавме дека со новата федерација работите ќе се подобрат чекор по чекор. Наместо тоа, доживеавме многу полошо со целосно разочарување. Наместо да ги лекува неправдите, оваа администрација на ФФМ има намера да ги замолчи и заплаши оние кои зборуваат против нив. Следува детален, точка по точка одговор на долгите и неосновани обвинувања на федерацијата“, стои во дел од соопштението на гостиварци.

- Оглас -

Најнови вести