Русинката Мира Андреева е сензационална полуфиналистка на Ролан Гарос откако со 6-7, 6-4, 6-4 ја елиминира втората носителка Арина Сабаленка.
Андреева има само 17 години и таа е најмлада полуфиналистка на парискиот гранслем во последните 27 години. Пред неа, на 17 години во полуфинале влезе легендарната Мартина Хингис во 1997 година.
Во полуфиналето, младата Русинка утре ќе игра за Јасмине Паолини од Италија, па која и да победи од нив две, првпат во кариерата ќе игра во финале на гранслем-турнир.