Лора Кларк е жената која синоќа се најде во центарот на светската спортска јавност. Кларк е судијката која беше погодена со тениско топче директно во вратот од Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер загуби гејм и во нервоза малку посилно ги удри топчето кое случајно заврши директно во вратот на судијката.
Повредената жена падна на земја и почна да се се бори да земе воздух. Ѓоковиќ веднаш притрча, но сепак беше потребна и лекарска помош. За среќа, целата ситуација заврши без посериозна повреда на судијката која долги години е во улога на линиски судија на АТП турнирите.
И порај сите извинувања на Ѓоковиќ, правилата во ваква ситуација велат дека Ноле мора да сноси одговорност со дисквалификација, па за првиот носител на грем слем турнирот заврши шансата да стигне до трофејот.