Нова трагедија, почина легенда на сенегалскиот фудбал

Поранешниот репрезентативец на Сенегал, Папа Буба Дјоп, почина на 42 години по долга и тешка битка со ретка болест која го напаѓа нервниот систем (Шаркот-Мери-Тут болест).

Буба Дјоп беше дел од фамозната генерација на Сенегал која настапи на Мундијалот во 2002 година. Неговиот гол ја урна Франција во групната фаза, додека на клупски план најмногу се задржа во Премиер лигата.

Дјоп играше во дресовите на Фулам, Портсмут, Вест хем и Бирмингем, пред тоа играше во Франција. За Сенегал запиша 63 настапи на позиција играч за врска, иако во јуниорските денови Дјоп тренираше да биде напаѓач.

Оваа трагедија во фудбалот следи неколку дена по смртта на еден од најдобрите фудбалери во историјата, Диего Марадона, кој почина на 60 години.

- Оглас -

Најнови вести