Ливерпул сака да го засили средниот ред пред завршувањето на преодниот рок, а клубот сега размислува да го ангажира Тони Крос од Реал Мадрид.
Црвените се интересираа за Френки де Јонг, Конрад Лајмер и Маркос Љоренте, а сега како опција е и сонародникот на Јирген Клоп.
Славниот и трофеен среден ред на Реал Мадрид веќе се распадна со заминувањето на Каземиро, а можеби и Крос како и Бразилецот, за убави пари ќе бара нов предизвик со преселба во Премиер лигата.
Крос со Кралскиот клуб од Мадрид има договор до следното лето и ако Реал има шанса да заработи на Крос, тоа е сега.