Нема крај на спектакуларните трансфери од Европа во Саудиска Арабија. Нова ѕвезда на списокот која ќе ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија е алжирецот од Манчестер Сити, Ријад Марез.
Според информациите на светските медиуми тој веќе ги договорил личните услови со клубот од Саудиска Арабија, Ал-Ахли, и ќе заработува по 50 милиони евра годишно.
Алжирецот со Манчестер Сити има договор на уште две сезона, па сега останува уште двата клуба да го договорат обесштетувањето.