Нова вест од УЕФА поврзана со баражите од Лигата на нации

Европската фудбалска унија, УЕФА, размислува дека сега кога ЕП е одложено за следната година, нема потреба од брзање во баражите од Лигата на нации, па така ако полуфиналните средби се играат во септември, финалињата не мора да бидат пет дена подоцна.

Први слободни термини се 3 и 8 септември, претпоставката е дека полуфиналето би се играло на трети, а финалето на осми септември.
Но, сега може да дојде до ново поместување. Се најавува дека УЕФА наскоро ќе ја официјализира одлуката полуфиналето и финалето да се играат во два различи репрезентативни прозорци.

Ова значи дека е во септември ќе се одиграат само полуфиналињата (Македонија го пречекува Косово), а финалните дуели би се играле во октомври, кога Македонија би гостувала кај Белорусија или Грузија.

Проблем се термините, УЕФА сака да има повеќе термини за новата клупска сезона во Европа која нема да може да почне пред крајот на август.

- Оглас -

Најнови вести