Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по победата во три сета (7:5,6:1,6:2) над Томи Пол, обезбеди пласман во финалето на Отвореното првенство на Австралија и в недела ќе се обиде по десетти пат да го крене шампионскиот пехар.
Иако од почетокот на турнирот има проблеми со повредата на ногата, Новак на новинарите по мечот со Пол им откри дека ништо не може да го запре да не го даде максимумот во финалето против Стефанос Циципас.
„Колку сум подготвен? Перфектно се чувствувам, мислам дека сум на 110 отсто. Стефанос, се гледаме за два дена. Вложивме многу часови надвор од сезоната за да се подготвиме. Во текот на кариерата многупати сум бил во вакви ситуаци и знам како да се носам. Среќен сум што обезбедив ново финале“, изјави Ѓоковиќ.
Новак в недела ќе игра за 22-риот гренслем-трофеј, Циципас за својот прв трофеј од четирите најголеми тениски турнири, додека победникот од понеделник ќе биде и прв тенисер на ранг-листата на АТП.