Ѓоковиќ е друг свет и за Пол, ново финале за Новак во Австралија!

Уште една победа го дели Новак Ѓоковиќ од јубилејна 10-та титула на тениското Отворено првенство на Австралијан, каде што и сега е неприкосновен крал, а ако го совлада Стефанос Циципас во финалето, ќе се врати и на првото место на ранг-листата на АТП.

Ѓоковиќ во полуфиналето против Американецот Томи Пол имаше проблеми само во првиот сет, кој го доби со 7-5, откако Пол освои четири гејма по ред и од 1-5, дојде до 5-5. Потоа, во вториот и третиот сет, Србинот беше доминантен и овие сетови ги доби со 6-1, односно 6-2.

- Оглас -

Најнови вести