Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, е најавен како еден од гостите во ВИП секторот на стадионот „Сан Сиро“ во Милано за вечерашниот фудбалски спектакл и градско миланско дерби од полуфиналето на Лигата на шампионите.
Ѓоковиќ не крие дека е фан на Милан, уште од поодамна има кажано дека навива за Росонерите, па јасно е за кого ќе чука неговото срце вечерва. Милан е официјален домаќин и Србинот нема да има никакви проблеми да навива за Милан, бидејќи ќе биде опкружен со луѓе на кои овој клуб им е помил отколку Интер.
Од тенисерите, покрај Ѓоковиќ, кој е подготвува за одбрана на титулата на Мастерсот во Рим, на „Сан Сиро“ ќе биде и Италијанецот Матео Беретини.